Касами ќе бара одговорност за Мијалков: Ова ги поминува сите граници!

by Фокус 22:09
22:09

Биљал Касами, лидер на БЕСА, која е дел од владејачката коалиција, најавува дека ќе бара одговорност за бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

-Ова веќе ги надминува сите граници. Да, ние сме дел од Владата и затоа ќе бараме директна одговорност. Ќе почекаме уште малку да видиме како ќе се одвиваат настаните понатаму, и ако нема резултат ќе бараме одговорност – посочи Касами.

- Advertisements -

Според него, Владата и институциите имаат голема одговорност.

-Мијалков не беше обичен човек, туку човек со повеќе кривични дела. Имаше индиција и дека ќе побегне, затоа требало да се внимава максимално – порача Касами.

Поврзани новости