Рускоска: Законот за амнестија не важи за организаторите

by fokus

Обвинителката, Вилма Рускоска, на денешната прес конфернеција во Јавното обвинителство изјави дека Законот за амнестија кој беше донесен за дел од обвинетите за 27 април, не би требало да биде пречка во постапката која се води против организаторите на упадот.

-Во Законот за амнестија не е амнестирано кривично дело, туку поединечни дејствија. Таму стриктно е наведено дека законот за амнестија не важи за организатори – рече Русковска.

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, пак дополни дека истрагата за овој случај е обемна и дека дури сега е отворена истражна постапка против организаторите затоа што било потребно време за вештачење на одредени телефони.

-Станува збор за исклучително сложена постапка. Обвинителството неколку пати напомена дека се соочува со проблеми во обезбедувањето на доказите бидејќи после настанот не беше обезбеден увид согласно прописите и законите. Повторно ќе потенцирам, знаевме дека предметот не е затворен со поднесување на обвинението, за документација на доказите ни беше потребно време, особено во делот на вештачењето на одредени телефони и нивната содржина – рече Јовески.

Поврзани новости