И возачот на автобусот е жртва на несреќата кај Ласкарци, велат од Обвинителство од каде потврдија дека добивал закани

by fokus

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, ги потврди денеска информациите дека возачот на автобусот на „Дурмо турс“, кој се преврте кај Ласкарци, при што загинаа 15 лица, добивал закани по живот. Тој испрати апел  да се почитува презумпцијата на невиност и дека се уште не е утврдена одговорноста за трагичниот настан.

-Постои такво сознание во обвинителството, би апелирал во тој дел да се почитува презумпцијата на невиност. Во овој момент обвинителството не може да ја посочи одговорноста. Се прибираат доказите, документите во делот на одговорноста и во оној момент кога ќе се обезбеди вештачењето во делот на исправноста на автобусот Обвинителството ќе донесе јавно-обвинителска одлука – рече Јовески.

Од Обвинителството апелираа да се почитува приватноста на шоферот, додавајќи дека постојано е мета на следење.

-Се нарушува неговата приватност, тој е и жртва во таа несреќа – велат од таму.

Поврзани новости