509
Јавното обвинителство на Република Македонија за во 11.00 часот претпладне ја закажа прес конференцијата на која ќе се обрати јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска.
На прес конференцијата Рускоска ќе презентира детали за отпочната истражна постапка во која осомничените се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Прес конференцијата ќе се одржи со почеток во 11 часот.