– Во изминатите неколку часа 11 џихадисти беа убиени во воздушните напади на руските сили против Исламска држава во сириската пустина, соопшти сирискиот центар.
Нападите се извршени во пустините Ал Сахне и Тадмор во централна Сирија и во пустината Деир Езора во источниот дел на земјата.
– Џихадистите се кријат во пештерите во таа пустинска област каде што се уште има активни ограноци на Исламска држава, соопшти организацијата, додавајќи дека во тие напади се повредени 20 џихадисти.
Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, се убиени речиси половина милион луѓе, а неколку милиони ги напуштиле своите домови.
Русија ги поддржува сириските владини сили од 2015 година, и благодарение на таа клучна поддршка сирискиот претседател Башар ал Асад успеа да врати голем дел од територијата што ја загуби на почетокот на конфликтот.