535
Руските сили во текот на 31-дневната инвазија врз Украина досега оштетија најмалку 59 духовни локации, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето виртуелно обраќање до учесниците на 20. Форум во Доха, јави Укринформ.
-Во текот на 31 ден од оваа војна, од руските удари се оштетени најмалку 59 згради со духовно значење. Тоа се џамии, цркви, верски и образовни институции, рече украинскиот претседател.
Тој додаде дека за време на војната биле уништени или оштетени повеќе од двесте училишта и десетици болници.
-Замислете, руските војници намерно ги удираат овие места, кои обичните цивили ги користат како засолниште, огорчено настапи Зеленски.