443
Руската амбасада во Букурешт добила неколку закани за бомби, кажа рускиот амбасадор во Романија, Валериј Кузмин.
Амбасадорот кажа дека во Романија се развива напната атмосфера како минува времето.
-Амбасадата постојано добиваше закани преку електронска пошта, дека ќе ја кренат во воздух, ќе бидеме отруени и слично, кажа амбасадорот.
Синоќа во капијата од амбасадата удри возило кое потоа се запали, а притоа загина едно лице.