Груевски не се „израдува“ на победата на Орбан

by fokus

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, а сега азилант во Унгарија, јавно не се израдува и на Фејсбук не му ја честиташе победата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на парламентарните избори.

Груевски често ги користи социјалните мрежи за честитање празници, коментирање на одредени политички случувања, а најмногу за коментирање на рочиштата на судските процеси кои се водат против него во Македонија, додека тој е во бегство.

Додека беше премиер, тој имаше блиска соработка и одлични односи со унгарскиот премиер, а „соработката“ продолжи кога властите на Орбан му овозможија на Груевски да се спаси од судските процеси во Македонија и му одобрија азил.

Судбината на поранешниот македонски премиер во една рака зависеше од изборите во Унгарија и победата на Орбан, со оглед дека опозицискиот лидер Петер Марки-Зај во октомври најави дека, ако го „пензионира“ Орбан, ќе го екстрадира Никола Груевски во Македонија.

Поврзани новости