Рускиот амбасадор Баздникин: Придонесот на руската емиграција во Македонија не може да се потцени

by Fokus

Не може да се потцени улогата што ја одигра руската емиграција во најразлични сфери на јавниот, научниот и културниот живот во Македонија. Првото музичко училиште, првата оперска претстава, првиот природо-научен музеј, учеството во основањето на првата високообразовна институција, формирањето на првите архитектонски школи, обновувањето на монаштвото… Но, тоа не е се што Русите му дадоа на својот втор дом, што се најдоа по волја на судбината во Македонија. Малку Македонци знаат за тоа, но за жал и во Русија за тоа имаат уште помала претстава.

Ова го истакна рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во своето воведно обраќање на Меѓународната научно-практична конференција „Русите на Балканот“, организирана од Здружението на руски сонародници „Чајка“ во Македонијасо финансиска поддршка на Фондот на на народна дипломатија „Горчаков“ од Русија.

– Сепак, руската дијаспора во Македонија не е само славно минато. Денес овде во земјата живеат неколку илјади наши сонародници и потомци на руски доселеници, кои преку своите здруженија имаат активна општествена дејност насочена кон зближување на рускиот и македонскиот народ. Се надевам дека оваа конференција ќе придонесе кон зацврстување на хуманитарните врски меѓу нашите братски земји, рече амбасадорот Баздникин.

Поврзани новости