Во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана се наведува дека украинските сили ја потврдиле првата успешна употреба на противбродски проектил Харпун.
Нападот, според британските разузнавачи, бил извршен на 17 јуни при што бил погоден рускиот реморкер „Спасател Василиј Бек“, што доставувал оружје и персонал на Змискиот Остров во Црно Море.
Украина такви проектили доби од западните земји, а употребени се против руските поморски сили.
– Уништувањето на рускиот брод за време на мисијата за снабдување ги покажува тешкотиите со кои се соочува Русија кога се обидува да ги поддржи своите сили, кои го окупираат Змискиот Остров … Крајбрежните одбранбени капацитети на Украина во голема мера ја неутрализираа способноста на Русија да воспостави поморска контрола и да ги проектира поморските сили во северозападниот дел на Црното Море. Тоа ја поткопа одржливоста на првичниот руски оперативен план за инвазијата, што вклучуваше држење на регионот Одеса во опасност од морето, се наведува во британскиот извештај.
Реморкерот „Спасител Василиј Бек“ е последно во низата руски пловила, вклучително и крстосувачкиот брод „Москва“, што украинските сили ги оштетиле или уништиле.