Руската Федерална служба го привела естонскиот конзул

by fokus

Вработен во руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го привел естонскиот конзул во Санкт Петербург во моментот кога добил класифициран материјал од руски граѓанин, соопшти денеска Тасс повикувајќи се на Центарот за односи со јавност на ФСБ.

„Федералната служба за безбедност во Санкт Петербург го приведе конзулот додека добиваше класифицирани материјали од руски државјанин“, соопшти ФСБ.

Разузнавачката служба истакна дека „оваа активност е некомпатибилна со статусот на дипломатски службеник и има јавен непријателски карактер кон Руската Федерација. Врз странскиот дипломат ќе се применуваат мерки во согласност со нормите на меѓународното право“, додаде ФСБ.

Според меѓународните стандарди, дипломатите имаат имунитет во земјата во која работат, но може да бидат лишени од правото да останат во случај на кршење на законот или непријателски дејствија. Како што предвидива Виенската конвенција, државата примател може во секое време да ја извести државата испраќач дека шефот на мисијата или друг член на дипломатскиот персонал е персона нон грата и дека неговиот престој во земјата е неприфатлив.

Поврзани новости