Студентите ќе добиваат по 2.400 денари месечно за храна

by fokus

Министерката за образование и наука, Мила Царовска попладнево преку својот профил на Фејсбук најави дека од октомври студентите ќе добиваат по 2 400 денари месечно финансиска поддршка за субвенциониран оброк.

-Средствата ќе се уплаќаат директно на лична сметка на студентите со што ќе им се даде можност освен во угостителски објекти да ги користат и во маркетите. МОН заедно со младите продолжува да креаира мерки и политики и да спроведува процеси кои се во интерес на младите и нивната иднина, напиша Царовска.

Поврзани новости