569
Амбасадата на Руската федерација во Скопје не го коментира разговорот на руските комичари Владимир Кузенцов и Алексеј Столаров со премиерот Зоран Заев, лажно претставајќи се како довчерашниот украински претседател Петар Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Амбасадата не коментира активности на приватни лица, особено не шеги на комичари“, изјавиле од руската амбасада за „Независен весник“.
Премиерот Заев денеска тврдеше оти не станува збор за обична шега, туку, како што рече, тој е жртва на измама на добро организирана структура што работи против земји со евроатлантски аспирации.