431
– Обвинувајќи ја Русија за неуспехот на референдумот во Македонија, значи дека постои недостиг на експертиза или намерно потценување на македонскиот народ, објави денеска Амбасадата на Русија во Македонија на својот Твитер профил, како реакција на насловната страница на познатиот британски весник „Гардијан“, во која вели дека референдумот во Македонија бил уште една победа за Русија.
– Како и да е, ниту едното ниту другото не е добро за вашата репутација, наведува во статусот Амбасадата на својот профил на Твитер.