Три дена по интервјуто на министерот за надворешни работи Бујар Османи за Радио Слободна Европа, денеска на Твитер се огласи и Руската амбасада во Скопје.
„Обрнавме внимание на изјавата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија Б. Османи дека „третиот фактор“ заинтересиран за конфликти во регионот на Западен Балкан, вклучително и меѓу Северна Македонија и Бугарија, е Руската Федерација.
Убедени сме дека нема основа за такви тврдења, а камоли докази, како што беше случај повеќе пати. Напротив, придонесот на нашата земја во решавањето на конфликтите на Балканот во изминатите многу децении, вклучувајќи во БиХ и во „српската автономна провинција Косово и Метохија“, не може да се прецени“, велат од Руската амбасада .
Во следниот твит додаваат „Секогаш постапуваме во согласност со меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Заинтересирани сме за просперитет и мирен соживот на сите земји од регионот без исклучок, со чии народи имаме вековни пријателски врски.
Апсолутно никаков темел немаат ниту обвинувањата што се шират во низа медиуми за наводно „мешање“ на во внатрешните работи на и нејзините односи со другите земји, а тоа им е добро познато на сите непристрасни набљудувачи и експерти.
Руската амбасада ги повикува медиумите да ги почитуваат принципите на нејзината надворешна политика кои отворено ги декларираме – интеракција заснована на рамноправност, меѓусебно почитување и земање во предвид меѓусебните интереси.