Руската амбасада: Македонската страна ќе ги сноси последиците за провокацијата и непријателскиот чин

by fokus

Руската амбасада вечерва се огласи на Твитер со реакција на одлуката на македонското МНР да протера еден руски дипломат.

-Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна, објави руската амбасада на Твитер.

Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

Поврзани новости