Финците против Трамп-Путин: „Добродојдовте во земјата на слободни медиуми“

by fokus

Активистите кои се борат за правото на абортус облечени како бремени жени со маски од претседателот на САД, Доналд Трамп протестираа на Плоштадот на Сенатот во Хелсинки.

Околу 40 жени и мажи протестираа против уредбата на Трамп да прекине издвојувањето на федерални средства за меѓународните организации за планирање на семејство, кои го поддржуваат абортусот или даваат информации за тоа.

Во Хелсинки денеска се одржуваат неколку протести поради средбата помеѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.

Во паркот во близина на претседателската палата, каде се одржува средбата Трамп – Путин протестираат членовите на младинското крило на финската Национална коалициска партија поради трговската политика на американскиот претседател. Тие апелираат Трамп да ја преразгледа одлуката за воведување на царини за увозот на челик и алуминиум.

На иницијатива на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ (АИ) се одржува протест на плоштадот во Хелсинки. На еден од транспарентите пишува „Направи повторно големи човековите права“.

Членови на „Гринпис“ истакнаа 64 метри плакат на камбанеријата на една од црквите во Хелсинки, на кој пишува „Стоплете ги нашите срца, а не нашата планета“.

Финските медиуми ги пречекаа американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин со пораки за слобода на медиумите.

На 300 билборди низ градот објавени се пораки „Господине претседателе, добродојдовте во земјата на слободни медиуми“ и „Трамп ги нарекува медиумите за непријатели на народот“.

За денеска во Хелсинки пријавени се 13 протсети поради Самитот Трамп-Путин.

Поврзани новости