Од амбасадата на Русија во земјава велат дека не се организатори на протестите пред амбасадата со антивладина и антизападна реторика, туку, објаснуваат од таму, обраќањето на амбсадорот Олег Шчербак претставува чин на професионален дипломат и воспитан човек.
„Амбасадата на Русија не беше ниту иницијатор, ниту организатор на овој митинг. Меѓутоа, ние сме благодарни на стотици луѓе кои се собраа пред Амбасада за да му го изразат своето сочувство и поддршка на нашиот народ по повод неговата болка поради смрта на 64 луѓе, објавија минута молк за загинатите, јасно се изразија за пријателство и соработка меѓу Македонија и Русија, против провокации во однос на нашата земја, кои им нанесуваат штета на пријателските руско-македонски односи. Земајќи го тоа во предвид, долг е на професионален дипломат па и на секој воспитан човек да се излезе кон собраните и да им се заблагодари за солидарноста и поддршката“, велат од руската амбасада.
Од таму додаваат дека ваквото однесување воопшто не претставува кршење на Виенската ковенција.