Пред споменикот „Воин на коњ“, на плоштадот во Скопје, денеска повторно, како и вчера, се оддржа перформансот „Наместо да рушиме споменици, да создаваме услови за младите. Ово перформанс е на македонската координативна мрежа Сите за унитарна Македонија – СУМ, заедно со Ристо Мијаковски и Александар Русјаков.
Како што вчера рече Русјаков, ова е со цел Македонците да го изразат својот став кон „ненародната власт“.
-Почитувани сограѓани, браќа и сестри ве покануваме на нашиот заеднички и отворен перформанс-“ Наместо да рушиме да создаваме услови за младите“. Перформансот ќе трае во континуитет. Осмислен е така да вие, ние Македонците по род, определба и државјансто го изразиме својот став, гледиште и револт кон ненародната власт. На отворениот хепенинг кај споменикот на Александар ќе можете да го чуете, почуствувате и споделите расположението на македонскиот народ. Но и да го кажете вашиот став во врска со сите нелегални и нелегитимни дејствиа на оваа талибанска власт. Со вашето присуство ќе придонесете за зачувување на Александровото наследство, нашето достоинство и македонскиот идентитет воопшто. Сите за Унитарна Македонија-СУМ, напиша Русјаков на Фејсбук.