Али Ахмети, претседателот на ДУИ, денеска се сретна со британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет при што разговарале за политичките активности во земјата и регионот, законот за јазиците, состанокот на пшартијата, како и евроатланската интеграција, соопштија од партијата.
„Ахмети истакна дека со усвојувањето на Законот за јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот мировен договор, кој е загарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ. Општеството и политичките лидери треба да продолжат со посветеноста кон усвојување и спроведување на системските реформи како и да се постигне достоинствен компромис со Грција во врска со спорот за името“, соопштија од ДУИ.
Лидерот на партијата го запознал британскиот амбасадор оти ДУИ вчера, заокружила едно поглавје од нејзината политичка активност, и почнува да ја гради утрешната ДУИ.