Русите ракетираат енергетски објекти, Украинците се пробиваат во Херсон

by Фокус

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешниот огромен руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина, на Фејсбук објави фотографија од еден од нападнатите објекти.

„Оваа фотографија е само еден пример што покажува како непријателот се обидува да не скрши. Тоа се удари врз критично важни објекти. Типична тактика на терористите. Светот може и треба да го запре овој терор“, напиша Зеленски.

Истовремено, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека украинските сили ја потиснале руската војска од две населени места во регионот Херсон – Чаривна и Чкалова.

Поврзани новости