Руската државна корпорација „Роскосмос“ им честиташе на индиските колеги за успешното слетување на Јужниот пол на Месечината и ја нагласи универзалната важност на истражувањето на Месечината, кое може да стане платформа за истражување на длабоката вселена.
„Државната корпорација Роскосмос им честита на своите индиски колеги за успешното слетување на вселенското летало Чандрајан 3. Истражувањето на Месечината е важно за целото човештво, во иднина може да стане платформа за истражување на длабоката вселена“, стои во соопштението.
Индија денес стана првата во светот која успешно слета вселенско летало на јужниот пол на Месечината. Роботската вселенска станица Чандрајан-3 беше лансирана во вселената на 14 јули и влезе во орбитата на Месечината на 5 август. Лендерот Викрам се одвои од станицата на 17 август и изврши две операции на спуштање пред слетувањето.