Русин доби две години затвор и му ја одзедоа 13-годишната ќерка откако нацртала антивоен цртеж

by Fokus

Рускиот самохран татко чија ќерка беше пријавена на властите поради антивоен цртеж е осуден на две години затвор поради дискредитирање на армијата. Сепак, 53-годишниот Алексеј Москалев не бил на изрекувањето на пресудата во судот во Ефремов, 320 километри јужно од Москва, кој бил известен дека тој избегал од домашниот притвор.

„Не знам каде е“, изјави адвокатот на Москалев, Владимир Билијенко.

Ќерката на Москалев, 13-годишната Маша, била испратена во дом за деца во почетокот на овој месец откако почнала кривичната постапка. Москалев, кој се појавил во судот претходниот ден, бил обвинет дека постојано ја критикувал руската војска на социјалните мрежи.

Проблемите за семејството почнале во април лани, кога училиштето им кажало на властите дека Маша нацртала цртеж на кој имало украинско знаме со натписот „Слава на Украина“, ракети и руско знаме со пораката „Не на војната“.

Поврзани новости