Русија: Убивме 180 странски платеници во Лавов

by fokus

Руското Министерство за одбрана денеска потврди дека го ракетирала Меѓународниот центар за мир и безбедност во Јаворив, во близина на Лавов.

Околу 180 странски платеници се убиени, а уништена е голема количина на странско оружје за време на руските воздушни напади врз тренинг центарот Јаворив, во близина на Лавов. Руските сили ќе продолжат да ги елиминираат странските платеници кои доаѓаат да се борат во Украина, соопштија од руското Министерство.

Украина претходно денеска објави дека најмалку 35 лица загинале, а 134 се повредени во напад на руските сили на воената база. Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, рече дека во Меѓународниот центар за мир и безбедност во Јаворив работеле и странски воени инструктори.

Поврзани новости