Русија: Убиството на амбасадорот е терористички акт

by fokus

Москва смета дека атентатот врз рускиот амбасадор во Анкара е терористички напад, соопшти руското министерство за надворешни работи.

-Ова што се случи ние го квалификуваме како терористички напад. Во моментов сме во контакт со турските власти, кои нè уверуваат дека ќе биде спроведена темелна, сеопфатна истрага- рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Дел од турските медиуми пак, пишуваат дека Мевљут Мерт Алтинтас наводниот атентатор на амбасадорот бил полицаец во единицата на специјалните сили на Турција.

Поврзани новости