Експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за жалбите на СДСМ

by fokus

Управниот суд вечерва одлучува за приговорите на СДСМ, кои беа одбиени од Државната изборна комисија, а се однесуваат за нерегуларности во гласачањето на четири избирачки места.

Претседателка на Советот на судиите кои ќе одлучуваат за тужбите е Весна Јовановска, поранешен пратеник од ВМРО ДПМНЕ. Јовановска во Управниот суд е избрана во 2011 година, а како што стои во нејзината биографија на официјалната веб-страница на Управниот суд, пред да биде избрана на оваа функција таа немала судска практика. Како дел од биографијата е наведен и пратеничкиот мандат во редовите ВМРО-ДППМНЕ во период од 1998 до 2002 година.

Останати судии кои ќе одлучуваа за тужбите на СДСМ се и Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски,

До Управниот суд СДСМ поднесе четири тужби, а ВМРО-ДПМНЕ една. Управниот суд до утре има рок да пресуди по тужбите и да одлучи дали ќе има прегласување во спорните единици.

Поврзани новости