Русија со закон ги исфрла сојузниците на Навални од трката за влез во Думата

by Fokus

Рускиот Парламент минатиот четврток одобри закон според кој членовите на „екстремистичките организации“ не можат да бидат членови на парламентот, потег за кој сојузниците на притворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, наведуваат дека има за цел да ги спречи да учествуваат на парламентарните избори во септември.

Законот, што беше одобрен од Долниот дом во прво читање, доаѓа во време кога судот одлучува дали Фондацијата за борба против корупцијата на Навални и регионалните активисти ќе бидат прогласени за екстремистички, пренесуваат британските медиуми.

Со законот се предлага на членовите или водачите на групи кои се декларираат како екстремисти да им биде забрането да учествуваат на изборите за Долниот дом (Дума) за период од една до пет години.

Доколку постапката продолжи, законот сигурно ќе ја комплицира кампањата на активистите, како Љубол Соболова, која е во домашен притвор затоа што учествувала во протестите за поддршка на Навални.

Собол на Твитер изјави дека станува збор за „неуставен“ обид да се избрка од изборната трка во септември.

За законот да стапи на сила треба да поминат уште две читања во Долниот дом, и потоа мора да биде усвоен од Горниот дом и потпишан од претседателот Владимир Путин.

Поврзани новости