477
Кремљ во понеделникот соопшти дека украинскиот народ ќе страда ако Западот испрати тенкови во Киев за одбрана на Украина.
Ова го истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кој додаде дека поделбите во Европа околу испраќањето тенкови во Киев покажуваат дека „нервозата“ расте во НАТО.
„Украинскиот народ ќе ја плати цената за сета таа поддршка. Земјите кои учествуваат, директно или индиректно, во испраќањето оружје во Украина и подигнувањето на нејзиното технолошко ниво се одговорни (за продолжување на конфликтот)“, додаде Песков.