Ковачевски за инцидентот во Охрид: Мора да останеме мирни, но не наивни!

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека тепачката во Охрид во која е повреден секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ е направена со цел да се застане на патот на Македонија кон Европската унија. Како што истакна тој, со овој немил настан сака да се одвлече вниманието од нашата европска иднина.

„Тие кои ги иницирале настаните не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Мора да останеме мирни и разумни, но не треба да бидеме наивни. Јас летово не седев и не преговарав во Брисел со 27 земји членки на ЕУ со едно горко чувство какво што делеа и нашите граѓаните, за сега да стоиме тука и да гледаме како бесмилосно направено насилство влијае врз сето она што е сработено и практично ја киднапира нашата меѓународна и европска иднина“, рече Ковачевски.

Поврзани новости