Пишува Јуриј ГОНЧАРУК,
амбасадор на Украина во Република Македонија
Изјавата на руското раководство за тоа дека Москва „прави сѐ што е можно за запирање на војната“ во Украина, целосно се разидува со реалноста. Кремљ не се придржува до преземените обврски согласно договорите од Минск.
Од страна на Руската Федерација (РФ) оди противдејствие на мирното решавање во рамките на меѓународните организации. Фактот на разврзаната од Русија војна на секаков начин се прикрива, а граѓаните на Русија што не се согласуваат со таквите дејствија трпат репресии. Реалната политика на Руската Федерација е насочена кон продолжување на крвопролевањето.
Покрај официјалните изјави за немањето друга алтернатива и важноста на мирното решавање, Москва продолжува да ја зголемува присутноста на нејзините воени лица и тешкото вооружување на истокот на Украина, врши активно разузнавање со апарати за беспилотни летала, ги тренира своите платеници.
Не го повлекува тешкото вооружување од линијата на судирот. На Специјалната мониторинг мисија (СММ) на ОБСЕ не ѝ е даден целосен пристап на контролираната од милитантите територија за мониторинг и верифицирање на одредените од договорите во Минск процеси. Кремљ ја блокира процедурата на ослободување на заложниците.
Важноста на затворањето на границата од страна на РФ и мониторингот на неконтролираниот дел од украинско-руската државна граница од страна на мисијата на ОБСЕ за запирање на насилството се поддржува од сите странски партнери.
Само Русија, како заинтересирана страна за ескалација, категорички ја отфрла таквата можност. Таа го игнорираше предупредувањето на Украина за затворање на соодветните контролни пунктови, кршејќи ги со тоа билатералните договори.
Во рамките на ОБСЕ таа настапува против проширувањето на мандатот на Мисијата на ОБСЕ од двата контролни пункта Гуково и Доњецк на целиот неконтролиран дел. Поради инструкцијата од Москва на милитантите, СММ на ОБСЕ е лишена од физичкиот пристап до државната граница од украинската страна.
Неконтролираноста на границата е корисна за Руската Федерација – преку неа до руско-терористичките сили во Донбас влегуваат нови човечки ресурси, оружје; во Русија се извезува опрема од фабриките, јагленот; во сивата зона континуирано се одвива шверц. Во последниот таканаречен „хуманитарен конвој“ украинските граничари откриле воени шлемови…
Русија го спречува учеството на меѓународните структури во решавањето. Создадените пречки од неа ја ограничуваат можноста од исполнувањето на важните задачи на СММ на ОБСЕ, одредени од Минските договори.
Распоредувањето на цивилно-воената мисија на ООН/ЕУ за поддршка на договорите од Минск, кое го иницираше Украина, би можело да ги исполни оние празнини, што денес не е во сила на цивилната мисија на ОБСЕ, и значајно би придонело за мировниот процес.
Русија настапува против воведувањето на миротворците што Украина ги поканува на своја територија. Како постојан член на Советот за безбедност на ООН, таа е готова да ја блокира соодветната одлука за да не создаде реална шанса за решавање на ситуацијата.
Во државата, руската власт спроведува активно-агресивна политика на негирање на нејзиното учество во борбените дејствија во Донбас.
Активистите кои јавно настапуваат против руската агресија, ги апсат, дискредитираат или ги убиваат (Б.Немцов). Против опозиционерскиот пратеник на Државната дума И. Пономаров, кој своевремено единствено гласаше против анексијата на Крим, отворен е кривичен процес.
Роднините на загинатите во Украина, руски службеници се поткупени или заплашени и принудени да молчат. Министерството за одбрана на РФ официјално се откажа од двајца воени службеници од 3-та посебна бригада на гардата за посебна специјална намена на ГРУ на Генералштабот на ВС на РФ, притворени за време на борбениот судир на 16 мај во близина на Шчастја (Луганска област, Украина).
Веднаш по нивното притворање со указот на рускиот претседател информациите за загубите меѓу воените службеници на Министерството за одбрана на РФ за време на одржувањето на специјалните операции во мир класифицирани се како државна тајна.
Неодамна С. Лавров се пожали на Штајнмаер за тоа дека украинската власт се обидува да го избегне директниот дијалог со Донбас. Притоа, како што беше соопштено од МНР на РФ, „беше истакнато дека процесот на реализирањето на Минските договори носи во голема мера се уште кревок карактер“.
Сакам да потсетам дека, настапувајќи во Сараево, папата Франциск го истакна тоа дека сите се способни да зборуваат за мир, дури и на подмолно лицемерен начин, но, сепак, вистинската миротворност се состои во тоа да „се создаде мир“.