689
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот предлог Украина да прифати неутралност во „австриски стил“ е неприфатлив за земјата, пишува Би-Би-Си.
„Го разбираме обидот на нашите партнери да останат проактивни во преговарачкиот процес“, рече Михаило Подолиак, член на украинскиот преговарачки тим.
„Оттука и зборовите за „шведскиот“ или „австрискиот модел“ на неутралност. Но, Украина сега е во состојба на директна војна со Русија“.