351
Русија нема да дозволи понатамошен извоз преку Црното Море по нејзината најавена суспензија на договорот за жито со Украина.
Договорот „не треба да се спроведува без нас“ изјави рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија на денешниот состанок на Советот за безбедност на ОН во во Њујорк. – Не можеме да дозволиме непречен премин на пловни објекти без наша инспекција, рече Небензија, пренесува ДПА.
Реакцијата на Русија доаѓа откако ОН изнесе став дека извозот на жито може да продолжи и договорот останува во сила.