320
Американската страна не побарала средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Северна Македонија.
Ова во изјава за новинарите го кажа заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Рјабков, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
-Не, (американската страна не побарала) и нема да бара. И нема да има средба – посочи заменик министерот, одговарајќи на новинарско прашање од ТАСС.
Како што пренесува агенцијата, помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан се воздржал од коментари за можноста за релевантни контакти.