Русија нема потреба да користи нуклеарно оружје во Украина, изјави денеска нејзиниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, опишувајќи ги медиумските шпекулации дека Москва може да распореди нуклеарно или хемиско оружје во конфликтот како „апсолутна лага“.
-Од воена гледна точка, нема потреба да се користи нуклеарно оружје во Украина за да се постигнат поставените цели. Главната цел на руското нуклеарно оружје е да се спречи нуклеарен напад – рече Шојгу за време на говорот на меѓународната безбедносна конференција. во Москва.
Тој тврди дека САД и Велика Британија планираат украински воени операции и дека НАТО го зголемил бројот на своите сили во Источна и Централна Европа.
-Се развива тешка ситуација и во врска со договорот за ограничување на стратешкото офанзивно оружје. Договорот е на сила до 2026 година – додаде Шојгу.