Бориловиќ погребан на тајна локација, што нашла полицијата во неговиот дом?

by Фокус

Полицијата во куќата на Вук Бориловиќ, човекот кој во петокот изврши маскар во црногорскиот град Цетиње најде над 4.000 евра и куршуми. Имало осум куршуми за ловечка пушка и 4.200 евра.

Полициската управа во Црна Гора објави дека куќата на убиецот е претресена, а притоа не се пронајдени камери во неговиот дом, но сепак од неколку други локации полицијата земала снимки кои може да дадат повеќе информации за инцидентот.

Бориловиќ уби 10 луѓе, а повреди уште шест пред да го застрелаат во Цетиње. Масакрот уште еднаш го отвори прашањето за достапноста на огненото оружје на Балканот, каде 90 отсто од целото оружје е во рацете на граѓаните.

Граѓаните во регионот имаат девет пати повеќе оружје од армијата и полицијата. Се проценува дека има 30 парчиња оружје на 100 жители, додека во Србија и во Црна Гора има 40 парчиња лесно оружје на 100 жители.

Инаку, Бориловиќ е погребан на тајна локација, надвор од градот. Локацијата на гробот е скриена за да не биде сквернавена.

Поврзани новости