Русија нападна пет железнички станици во Украина

by fokus

Ден по Велгиден и 61 ден од војната во Украина, а преговорите се подалечни.

Генералштабот на оружените сили на Украина соопшти утрово деа руските сили продолжиле со ракетните и артилериските напади на украинските позиции на подрачјето на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол.

Шефот на украинските железници пак, утрово потврди дека пет железнички станици во централна и западна Украина биле цел на напади.

Тој додаде дека сите напади се случиле во рок од еден час, а 16 патнички возови доцнеле поради тоа.

„Пет железнички станици гаѓани се во тек од еден час утрово. Повеќе од 16 патнички возови доцнат. За жртвите се известува, а деталите доцнат. Русите продолжуваат да ја уништуваат украинската железничка инфраструктура“, наведе Камишин.

Поврзани новости