173
Русија, Кина и Монголија денеска потпишаа меморандум за изградба на гасоводот „Моќта на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „Источна унија“ низ Монголија, изјави денес извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер.
Врз основа на јавната изјава дадена од лидерите на три земји, Русија, Кина и Монголија, денес беше потпишан правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Моќта на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „Источна алијанса низ Монголија“, рече тој, пренесе агенцијата ТАСС
Тој нагласи дека овој проект ќе овозможи испорака на 50 милијарди кубни метри гас годишно од Русија преку Монголија.