Рускиот опозициски политичар Владимир Кара-Мурза во изјава Си-Ен-Ен вели дека Русија сигурно ќе се соочи со промена на режимот.
-На сите им е јасно дека само Русите во Русија можат да ја променат оваа ситуација. Никој не може да го промени режимот однадвор. Само граѓаните на Русија можат да иницираат значајни политички промени. И тоа ќе се случи. Внимавајте, овој човек е на власт повеќе од 22 години. На многумина им е доста да го гледаат истото лице на телевизија сите овие години – рече Кара-Мурза.
Владимир Кара-Мурза е руски опозициски политичар и критичар на Владимир Путин. Двапати бил хоспитализиран во Москва поради сомневање за труење. Тој е член на групата „Солидарност“, која организираше масовни протести по изборите во 2011. Тој беше советник на лидерот на опозициската Дума, Борис Немцов, од 2000 до 2003 година.