430
Портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа Џон Кирби денеска изјави дека Русија оваа недела би можела да распише референдум во окупираниот дел на Украина, за да ја оправда анексијата на украинските територии.
„Имаме информации дека Русија продолжува да подготвува лажни референдуми за приклучување кон сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во Херсон, како и во Харков“, рече Кирби.
Тој додаде дека САД ќе го сметаат за нелегитимен „секој обид за контрола на некој дел од суверената територија на Украина“.