807
Во Русија се пронајдени речиси 1.500 мутации на корона вирусот, изјави денеска Ана Попова, директор на Руската федерална служба за фитосанитарен надзор и контрола (Роспотребнадзор), на маргините на научната конференција на форумот „Гајдар“.
-Ова е важен аспект на пандемијата и ние континуирано работиме на тоа. Досега откривме речиси 1.500 мутации, потенцира Попова, пренесе Тасс.
Според Попова, во рускиот институт „Микроб“ во моментов се спроведува анализата на информациите за мутациите на корона вирусот во светот.
-Мутациите за кои често се зборува во некои земји, главно европските, станаа видливи уште во септември. Уште повеќе, првите промени од овој вид беа идентификувани во јуни, потврди Попова.