602
Дмитриј Рогозин, поранешен шеф на Роскосмос и советник на Путин, изјави дека Русија има оружје што може автоматски да ги погоди модерните тенковите Леопард 2 и Абрамс.
Рогозин тврди дека се работи за беспилотна копнена платформа Маркер.
Овој робот тежок три тони е опремен со модуларно оружје, вклучително и противтенковски ракети, може автоматски да препознава цели и самостојно да одлучува што ќе биде приоритет.
Рогозин вели дека за борба против Леопард и Абрамс, доволно е да се вчитаат соодветните профили во меморијата на машината.
Сепак, руските медиуми јавуваат дека досега се зборува за испраќање само четири вакви роботи на украинска територија во февруари.