Облачно и студено време

by Фокус

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините од снег.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег.

Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Поврзани новости