Русија им подели 1,5 милиони пасоши на жители од окупираните територии

by Fokus

Русија им додели 1,5 милиони пасоши на жителите од украинските региони кои што се под руска окупација, изјави денеска рускиот премиер, Михаил Мишустин. Тој додаде дека одлуката е донесена со цел Москва да ја зајакне својата контрола врз тие области.

Некои од жителите на украинските региони за западни медиуми изјавија дека врз нив биле вршени притисоци да земат руски пасош бидејќи тоа станало неопходно за низа административни процедури.

Мишустин ги повика луѓето на окупираните територии „да ги почувствуваат вистинските промени во градовите и селата“, особено во однос на реконструкцијата, „образовните можности“ и работата.

Во септември 2022 година, Русија објави дека анектирала четири региони на Украина, кои делумно ги окупирала по примерот на полуостровот Крим, анектиран од Москва во 2014 година.

Европска Унија објави дека нема да ги признае руските пасоши издадени на жителите на окупираните територии на Украина.

Поврзани новости