Русија го напушта Европскиот суд за човекови права

by fokus

Државната дума (Долниот дом на рускиот Парламент) денеска усвои пакет-закони со кои Русија го напушта Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Пратениците одобрија два нацрт-закони – еден за отстранување на Русија од јурисдикцијата на Судот и другиот што го одредува 16 март како датум за прекин на односите.

Законодавниот пакет предвидува дека судските пресуди донесени по 15 март, кога Русија поднесе барање за напуштање на Советот на Европа, нема да се спроведуваат.

Исто така, предвидено е исплатата на бенефициите според одлуките на ЕСЧП да се врши само во рубљи и само на сметки во руските банки. Дополнително, Генералното обвинителство на Русија може до 1 јануари 2023 година да плаќа паричен надомест на тужителите врз основа на судски одлуки.

Поврзани новости