Левица утре со протест во Битола: Слобода за Ламбе Алабаковски!

by fokus

Згрозени од неоврховизмот на актуелната власт и министерот Оливер Спасовски, кој веднаш побара притвор за палењето на фашистичкиот клуб, Локалниот огранок на Левица во Битола повикува на протест за ослободување на Ламбе Алабаковски, соопштија попладнево од Левица.

Протестот е закажан за утре пред Полициската станица во Битола, во 18:00 часот.

-Бараме отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски.
Бараме итно процесуирање на кривичната пријава на Левица против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов”, поради излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
Бараме Министерството за надворешни работи да врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, поради континуирано негирање на македонскиот народ, кое кулминираше со отворањето на клуб во чест на крвникот на македонската кауза, Ванчо Михајлов, порачаа од Левица.

Поврзани новости