Русија го гранатира Донбас, Кадиров најавува напад на Киев

by Фокус

Руското гранатирање продолжува во областите на Доњецк и Луганск, а украинските сили одбиле неколку напади кои резултирале со уништување на руски тенкови, возила и артилериска опрема, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Претходната употреба на фосфорна муниција од страна на руските сили во регионот на Доњецк ја зголемува и можноста ваквите напади со фосфорни гранати да се повторат и во Мариупол, бидејќи борбите околу тој град се интензивираат, соопшти британската воена разузнавачка служба.

Во извештајот се наведува дека континуираното потпирање на Русија на ракети без екипаж во голема мера го зголемува ризикот од дополнителни цивилни жртви

Во меѓувреме, Рамазан Кадиров, лидер на Чеченија, рано утринава изјави дека ќе има офанзива на руската армија не само врз опколениот град Мариупол, туку и врз Киев и други украински градови.

-Ќе има офанзива…не само во Мариупол, туку и во други места, градови и села. Луганск и Доњецк – прво целосно ќе ги ослободиме – а потоа ќе го окупираме Киев и сите други градови. Ви гарантирам: нема да направиме ниту еден чекор назад – рече Кадиров.

Поврзани новости