768
Алијанса за позитивна Македонија (АПМ) на денешното собрание на партијата донела одлука да преговара со опозицискиот блок предводен од СДСМ за претстојните избори планирани за 11 декември.
На седницата на Собранието се отповикани некои членови и се избрани нови членови на главниот одбор.
За претседател на Советот на АПМ бил избран Владо Бучковски, а за претседател на партијата бил избран Рубин Земон.
Во новиот состав на Извршниот одбор на АПМ се Рубин Земон, претседател на АПМ, Сашо Милковски, потпретседател на АПМ, Цоки Ристовски, генерален секретар на АПМ, Дијана Марковиќ, Симона Ристевска, Медо Балиќ, Дукадин Маневски, Димитар Илиевски, Бобан Милошевски, Ѓорѓи Ивановски, Зоран Крстевки, Ирена Оровчанец и Сашо Атанасов.