Пронајдена дрога во полициско возило при влез во Црна Гора

by fokus

Македонски полициски службеници се фатени со голема количина дрога при обид за влез во Црна Гора.

Од МВР официјално го потврдуваат случајот, посочувајќи дека станува збор за претходно запленета дрога која останала во возилото.

Инаку, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика се упатиле на обука во Црна Гора, а за патувањето задолжиле службено возило од автопаркот на МВР.

Возилото претходно било добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, а било запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016 година.

Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата.

Од МВР истакнуваат дека вработените немаат никаква врска со дрогата туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето.

Тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство,  а за целиот случај било известено и нашето јавно обвинителство за натамошно постапување и расчистување на случајот.

Поврзани новости