Обвинителката, Вилма Рускоска, која го застапува предметот за крвавиот четврток, во изјава за медиумите по вчерашниот распит на приведените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, изјави дека освен искази на сведоци, обвинителството за овој предмет поседува и материјални докази.
-Ниту наредба за истрага, ниту обвинение не се базира само на еден сведок, покрај сведочења мора да има и материјални докази што во конкретниот случај обвинителството ги поседува. Не сум обвинител кој некого ќе гони на смртна постапка – порача Рускоска.
Таа ги замоли новинарите во оваа фаза од истрагата да користат иницијали, затоа што рече дека се залага за презумција на невиност. Обвинителката најави прес конференција во седиштето на Јавното обвинителство во текот на денешниот ден.