Избоден 22-годишник и претепани две момчиња на кејот на Вардар, сторителите непознати

by fokus 13:27
13:27

На кејот на реката Вардар во Скопје вчера се случиле два одделени напади врз случајни минувачи при што 22-годишник се здобил со убодна рана, а две момчиња биле брутално претепани. Сторителите и се засега непознати на полицијата.

Околу 16.30 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“-Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен Д.М.(22) од с.Трубарево, кој се здобил со убодна рана од остар предмет на левата страна од градниот кош. Имено, Д.М. на ул.“Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од страна на две непознати лица, а едното од нив употребило нож, со кој го прободел Д.М.. Од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди и истиот бил пуштен на домашно лекување.

- Advertisements -

Истиот ден околу  20.45 часот било пријавено дека во Скопје на кејот на реката Вардар, В.Ј.М.(19) и А.Г.(18) биле физички нападнати од поголема група на лица облечени во дуксери со капуљачи кои по нападот го напуштиле местото на настанот. Повредените лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “Наум Охридски“, каде било утврдено дека истите се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Поврзани новости